Кога е забната техника во прашање, сакаме да напоменеме дека секој забен техничар кој е дел од тимот на Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт има долгогодишно искуство и е специјализиран за одреден вид на изработки. На тој начин постигнуваме врвен квалитет и максимална прецизност при изработката на протетските помагала кои истовремено се изработени во согласност со желбите и потребите на нашите пациенти. Материјалите кои ги користиме за изработка на протетските помагала се биокомпатибилни, односно истите се тестирани на иритација, чувсвителност, токсичност, хемо-компатибилност и генотоксичност. На овој начин сакаме нашите пациенти да бидат максимално сигурни дека ќе добијат висококвалитетни заботехнички производи кои во секој можен поглед ќе ги задоволат нивните потреби и очекувања. Вложуваме максимални напори и го контролираме секој дел од производствениот процес. Ригорозната контрола низ која минуваат нашите финални изработки не прави можеби и единствени во регионот. Бројот на нашите вработени континуирано се зголемува, а освен што инвестираме во најмодерна опрема и апаратура за да ја зацврснеме нашата предност пред конкуренцијата, постојано инвестираме и во најсовремена едукација за нашите вработени. За нас секогаш пациентот е на прво место, а наместо другите – оставаме фактите и резултатите да зборуваат за нас.
Заботехнички услуги и изработки, протетика - Стоматолошка Лабораторија. Нудиме широка палета на фиксна протетика, мобилна протетика, CAD Design, протези, цирконија, керамика и останати заботехнички услуги, вршиме бесплатна достава на нашите производи во земјата и странство. Доколку имате потреба од одредени производи кои не се наведени во листата, слободно контактирајте не, достапни сме и на социјалните мрежи. Ќе ни биде особено задоволство да им излеземе во пресрет на вашите барања и да ви понудиме готови или полу-готови заботехнички изработки кои во целост ќе ги задоволат вашите потреби.
ФИКСНА ПРОТЕТИКА
- Цирконија;
- Цирконија до 14 члена во блок;
- Цирконија врз импланти;
- Цирконија со директно штрафење врз импланти;
- Антериор цирконија;
- E.max;
- Титан керамика;
- Титан керамика врз импланти;
- Метал керамика;
- Метал керамика врз импланти;
- Шултер керамика;
- Фрез места;
- Телескоп коронки;
- Атачмени, Клизачи, Долдер пречки.
МОБИЛНА ПРОТЕТИКА
- Хибридни акрилатни мостови на штрафење врз импланти;
- Комбинирани визил протези;
- Скелетирани класични визил протези;
- Тотални протези;
- Парцијални протези.
КОМПЈУТЕРСКО ДИЗАЈНИРЊЕ (CAD DESIGN)
- Конструкции за фиксни и мобилни протетски помагала;
- Комплетни протетски помагала со целосна анатомоморфолошка форма.