Ние нудиме опција за бесплатна достава на било кои од нашите заботехнички продукти во земјата и странство. Откако ќе бидат изработени, ги доставуваме во рок од 6 часа низ републиката, а со DHL, TNT или FedEx за помалку од 24 часа нашите продукти пристигаат до било која дестинација во Европа. Сите нарачки се изработуваат приоритетно, што подразбира дека самата изработка трае од 3 до 8 работни дена во зависност од тежината на случајот. Нашата соработка со стоматолошките ординации и заботехничките лаборатории од земјите на Европската Унија се одвива според претходно договорен начин. Доколку изразите интерес за соработка, слободно контактирајте не. Ние ќе дојдеме да ве посетиме каде и да сте. Откако ќе склучиме договор и ги договороме принципите за соработка, се што треба е да ни испратите прецизна мерка или скен фајл и налог за изработка. Изработката со гаранција ќе ви биде испорачана во претходно договорениот рок.

Во моментов, имаме одлична соработка со повеќе докажани стоматолошки ординации од Германија, Швајцарија, Австрија и Италија. Ниската цена на работната сила во нашата држава ни овозможува да можеме да понудиме врвни продукти по прифатливи цени, односно цени кои се дури и до 70% пониски од цените во најнапредните европски држави. Нашите клиенти од странство најчесто ни велат дека од нас добиваат далеку подобар квалитет за многу пониски цени. Тоа е нашата бизнис стратегија и на тој основ планираме и натаму во иднина да ја градиме нашата соработка со партнерите од странство.

besplatna dostava